Заев: Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Постепено нашата држава влегува во критична фаза која од стручните лица е оценета како најтежок и најсериозен период од пандемијата. Пред нас е најголемиот предизвик во борбата со коронавирусот во кој се очекува достигнување на пикот на бројот на заразени“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Затоа, потребна е многу голема лична одговорност, на секој од нас и максимална посветеност во заштита на нашето здравје, на здравјето на нашите најблиски, на нашите деца, родители, роднини, пријатели“, посочува тој.

Лидерот на СДСМ посочи дека обезбедиле првична поддршка од 200 милиони евра, со кои се помага на 35 илјади фирми да ги ублажат последиците од економската криза.

– За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите. Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво, во духот на солидарноста, додава Заев.

Слични содржини