Заев: Од утре ќе прогласиме кризна состојба

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев вечерва информира дека како Влада го прифатиле предлогот на Управувачкиот комитет, за прогласување кризна состојба на територијата на Македонија, поради големиот број пожари.

-Донесена е одлука за кризна состојба за 30 дена на управувачкиот комитет, а утре сабајле во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се донесе одлуката, изјавил Заев за ТВ21.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва информираше дека е предложено до Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

-Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на РС Македонија) попладнево (04.08.2021) одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да предложи до владата прогласување на кризна состојба на територијата на земјава, напиша Ангелов на Фејсбук.

Слични содржини