Заев: Разговарав со пратеничките групи за Законот за ЈО, прилично сме блиску

од Aleksandar Todeski

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев сѐ уште е оптимист дека Законот за Јавно обвинителство може да се донесе пред распуштањето на Собранието. Тој на денешната посета на Арачиново со потпретседателот на партијата и технички премиер, Оливер Спасовски рече дека предлог законот викендов ќе биде доставен до другите политички партии.

„Разговарав со пратеничките групи. Прилично сме блиску, останува целото решение да го добијат како е вградено, да видат и да кажат дали ќе се согласат. Апелирам до сите, од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, но апелирам и до нив, имаме квалитетно законско решение, внатре има фер и еднаков третман за сите. Ако тоа го направиме денес или утре, верувам премиерот Спасовски е подготвен, на барање на министерката за правда Рената Дескоска, да го стави на Влада, да го усвојат и понеделник рано од сабајле Парламентот да ги искористи трите дена како што е предвидено за законите со европско знаменце“, рече Заев.

Лидерот на владејачката СДСМ додаде дека во случај парламентот и пратениците одлучат дека треба на 13-ти да дискутираат, нека издискутираат и нека го задржат своето право, па наместо на 12-ти февруари, Собранието да се распушти вечерта на 13-ти.

Слични содржини