Заев со сочуство до семејствата на жртвите по вечерашниот земјотрес во Турција

од Vladimir Zorba

„Стигаат вознемирувачки вести од Источна Турција како последица на силниот земјотрес кој се случил вечерва. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и посакуваме колку што е можно помала штета. Нашите мисли вечерва се со турскиот народ“, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Твитер.

Силен земјотрес од 6,8 степени според Рихтер го погоди истокот на Турција, а притоа загинале најмалку четири лица. Епицентарот е лоциран околу 210 километри североисточно од Газијантеп, на длабочина од 2 километри.

Најтешко е погодена провинцијата Елазиг, а потресот се почуствувал и во Ирак, Сирија, Израел и Либан.

На истокот на земјата уништени се околу 5 објекти. Многу граѓани во паника истрчале на улиците.

По првиот земјотрес се почуствувале и два послаби од 5,4 и 3,3 степени според Рихтер.

Слични содржини