Заев-Станила: Романија ги поддржува евроинтеграциите на земјава

од Aleksandar Petrovski

Премиерот Зоран Заев, денеска, се сретна со Виорел Станила, амбасадор на Романија во нашата држава, кој го завршува својот мандат.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се поздравени политиките на премиерот Заев и на Владата на меѓународен план, на домашен план и во областа на економијата, со констатација дека се постигнати значителни резултати во напредокот на државава и во подобрување на животот на граѓаните.

Најавено е дека Романија ќе продолжи да ја поддржува нашата држава во евроинтеграциите.

Премиерот Заев се заблагодарилна романската Влада и на амбасадорот Станила лично, за искреното пријателство и за помошта на принципиелно ниво во демократските и евроатлантските процеси на нашата држава.

-Посветени сме силно кон поддршката на граѓаните и фирмите погодени од здравствено-економската криза и преку синоќа утврдениот ребаланс на Буџетот, којшто оди на усвојување во Парламентот. Свесни сме, како Влада и како држава, дека отворањето на преговорите со ЕУ носи неповторлив период пред нас да го подобриме животниот стандард на граѓаните и да ги примениме европските вредности дома и ќе продолжиме со нашите искрени, внимателни и мудри политики коишто ја движат државата напред, рекол премиерот Заев.

На состанокот се изразени заеднички определби за натамошен развој на билатералните односи помеѓу двете држави, како и во рамките на заедничкото членство во НАТО, стои во соопштението.

Слични содржини