Заев вечерва на соочување на „Само интервју“, Мицкоски ја одбил поканата

од Берта Китинска

Уредникот и водител Гоце Михајловски на „Само интервју“ на Kанал 5 телевизија на Фејсбук утрово најави дека вечерва пред изборниот молк гостин ќе му биде само лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а неговиот политички опонент ја одбил поканата.

„ За жал, вториот претендент за премиер, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја одби поканата за интервју, поради, како што ни беше кажано, презафатеност, напиша Михајловски.

Интервјуто е вечерва во 21:15 часот на Канал 5 телевизија.

Слични содржини