Загадениот воздух ја оштетува и кожата: Еве како можете да ја заштитите

од Elena Daskalova

Дури и мала загаденост на воздухот предизвикува голем број здравствени тегоби, но исто така може да ја оштети и кожата на лицето, носот, усните, но и да предизвика сувост на очите и да ги прави подложни на инфекции.

Кога е кожата во прашање, честичките од загадувањето, во комбинација со зрачењата, ја нарушуваат рамнотежата на дермичните микроорганизми, природното намастување, а со тоа ја прават подложна на алергии, бактериски и габични инфекции. Последици на тоа се првутење на кожата и појава на црвен осип, кој може да биде болен и да чеша.

Екстремното загадување и хемикалиите во воздухот може да предизвикаат појава на акни, егзема, псоријаза, па дури и атопичен дерматитис.

Кога е негата во прашање, задржете ги вообичаените ритуали, но обрнете внимание на тоа да користите козметика со што помалку хемикалии, па дури ако е потребно тоа да бидат и органски производи. Кожата е буквално бариерата која го штити целото тело од надворешните влијанија, но некогаш е потребно и вие да ѝ помогнете да ја врши својата вообичаена функција.

Затоа е потребно дури и во зимските месеци да користите хидратантна крема со заштитен фактор, најмалку 10 или 15. Негувајте ја кожата редовно и одговорно, бидејќи и најмала микропукнатина може да биде „влез“ на опасните честички, кои освен што ќе предизвикаат естетски проблем, навлегуваат и во телото и крвотокот, а за последиците од тоа пишувавме на ОВОЈ ЛИНК.

 

Слични содржини