Загадувањето на животната средина погубува близу 2 милиони деца годишно

од Vladimir Zorba

Причините за смртта на 1,7 милиони деца секоја година се кријат во загадената животна средина, соопшти Светската здравствена организација денеска.

Според проценките на СЗО во еден од четири случаи на детска смрт од едномесечна до петгодишна возраст, причината е во нездрава животна средина.

Главните нејзини манифестации се загадувањето на воздухот, пасивното пушење, отсуството на чиста вода и санитарни мерки, неправилна хигиена.

“Загадената животна средина е смртна опасност, особено за малите деца. Нивните  органи во оформување и имунолошкиот нивниот систем, малите тела и дишни патишта ги прават особено ранливи пред загадениот воздух и вода “, вели генералната директорка на СЗО Маргарет Чен. Од организацијата велат дека најраспространетите болести кои доведуваат до смртност – дијарејата, маларијата и пневмонијата – може да бидат спречени со подобрување на животната средина.

Слични содржини