Захарова: Америка ги поткопува напорите за обезбедување мир на Балканот

од Stefanija Kuzmanovska

САД, испорачувајќи оружје и воена опрема на властите во Приштина, отворено ги поткопуваат меѓународните напори за обезбедување мир и стабилност на Балканот, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Загрижени сме за објавата на американските испораки на оружје и воена опрема до властите во Приштина. Со ова, САД отворено ги поткопуваат меѓународните напори насочени кон обезбедување мир и стабилност на Балканот – рече Захарова.

Захарова ги повика сите оние кои не се рамнодушни кон судбината на Балканот и иднината на овој чувствителен регион, да не дозволуваат чекори што можат да доведат до дестабилизација, пренесува „Спутник“.

Слични содржини