Захарова: ЕУ со испораката на оружје на Украина затвора очи пред корупција

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија, продолжувајќи да ѝ доставува оружје на Украина, ги затвора очите пред целосната корупција на властите во Киев, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Сите последни пет месеци на континуирано транспортирање оружје кон Украина, Западот се обидуваше да ја прикрие незгодната вистина за невидените ризици од оваа политика (продолжување на испораката на оружје во Украина) за внатрешната безбедност на Европската унија и нејзините граѓани“, рече Захарова.

Според портпаролката на руското министерство за надворешни работи, тие затвориле очи пред тоталната корупција на властите во Киев, пренесе „Спутник“.

Слични содржини