Захарова: Легијата на странци се спрема за Украина -1500 елитни борци веќе во април спремни за трансфер

од Симе Стоиков

Се појавија нови информации за воениот контингент што Париз наводно се подготвува да го испрати во Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа додаде дека станува збор за баталјон на Легијата на странците.

„Командата на француската легија на странци на почетокот на март го утврди составот на тактичката група на ниво на баталјон од околу 1.500 луѓе. Се очекува во април групата да биде доведена во состојба на целосна борбена готовност за оперативен трансфер во „украинскиот театар за воени операции“, откри Захарова.

Францускиот претседател Емануел Макрон, да потсетиме, неодамна изјави дека не е исклучено да бидат испратени војници во Украина, што предизвика голема полемика во јавноста.

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Париз веќе подготвил 2.000 војници за првата фаза испаќање војници.

Сепак, некои француски платеници веќе се борат на страната на Украина. Москва на почетокот на годинава објави дека уништила едно од упориштата на странските платеници во Харков, во кое загинале голем број француски борци, на што Министерството за одбрана на таа земја изјавило дека не можат да ги бранат своите граѓани да војување затоа што Франција е „демократска земја“.

Слични содржини