Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје

од Radmila Tasevska

Зајакнати полициски патроли во центарот на Скопје за превенција од кражби и тепачки за празниците. Засилено полициско присуство е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје.

Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во нив, што се гледа и од фотографиите што ги направивме. Од полицијата за МИА велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.

Слични содржини