Заканите и можните последици од руската нуклеарна уцена во атомската централа Запорижја

од Vladimir Zorba

СЕРХИЈ КАЦУБА, Одбранбено аташе на Украина во Република Северна Македониja, ја анализира состојбата во атомската центарала:

1. Општа состојба

АЕЦ Запорижја е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест енергетски блокови VVER-1000. Станицата не испорачува електрична енергија на украинската електрична мрежа од 11 септември 2022 година. Пет реактори се наоѓаат во „ладен режим“. Еден, петтиот, е во режим на „жешко исклучување“ за да ги задоволи потребите на станицата.

Објектите на станицата беа заземени од вооружените сили на рф и беа обединети во ФДУП (Федерално државно унитарно претпријатие) АЕЦ Запорижја (т.н. наводен „државен имот“ на рф). Операторот е АД „Оперативна организација на АЕЦ Запорижја“, основана од АД „Росенергоатом“ (дел од ДК „Росатом“).

Од 1 септември 2022 година, во АЕЦ Запорижја дежураат неколку специјалисти на МААЕ, кои периодично се менуваат.

Утврдено е дека:

„Вооружените сили на рф веќе подготвија се што е потребно за терористички акт. Во случај на катастрофа, зоната на радиоактивно оштетување ќе биде одредена од насоката на ветрот“. (Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 22.06.2023).

„Руските окупатори поставија експлозиви во езерцето за ладење на нуклеарната централа Запорижја. Ако го оневозможат со детонација, постои голема веројатност да има значителни проблеми“. (Раководител на Главната управа за разузнавање при Министерството за одбрана на Украина, генерал-мајор Кирило Буданов, 20.06.2023).

„Ситуацијата со нуклеарната безбедност и безбедноста на АЕЦ Запорижја е крајно нестабилна. Загубата на Каховскиот резервоар стана катастрофа за целиот регион и ги зголеми сериозните тешкотии за оваа голема нуклеарна централа“. (Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, 16.06.2023)

Целиот материјал на следниот линк!

Слични содржини