Законот за потекло на имотот ќе ги испитува и третите лица кои не може да го докажат потеклото на имотот

од Берта Китинска

Со Законот за потекло на имотот ќе се испитува и потеклото на имотот на поранешни функционери, бидејќи според сегашната регулатива ДКСК може да го испитува имотот само додека се тие на функција. По завршувањето на функцијата, ДКСК нема надлежност, и што се случува тогаш – додека се на функција имотот го префрлаат на трети лица, а по завршувањето на функцијата, на свое име, велат во изјава за „Локално“ од кабинетот на  претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски објаснувајќи на кој начин ќе може да се постапува откако ќе се усвои предлог Законот кој е во финална фаза.

Оттаму додаваат дека со овој закон ќе се испитуваат и третите лица кои не ќе може да го докажат потеклото на имотот.

-Е тогаш, добро ќе размислат дали да прифатат такви нешто!Затоа,новото законско решение предвидвидува праг. Секој што има разлика во имотот кој е поголем од пријавените одданочени приходи над  30.000 евра, треба да докаже како истите ги заработил. Ако не докаже како и на кој начин го стекнал имотот, истиот  ќе се одземе.Веќе го нарекуваат закон против мафијата и ова е основа зошто е тоа така, тврдат од кабинетот на Николовски.

Идејата како што објаснуваат надлежните е за прв пат да се воведе контрола врз незаконското богатење со цел да се отвори патот за конфискација на нeлегално стекнат имот.

-Нема што да замижуваме пред реалноста. Незаконски се имаат богатено огромен број луѓе. Со реални, вистински пари. Но, од каде дошле тие пари, тоа сега ќе мора да се докаже… Ние како генерација сме спремни да преземеме чекори за кои се зборува во минатото 30 и повеќе години, но од икс причини се немало храброст да се направат.Ова не е лесна битка за биење. Тоа треба многу добро да го знаеме. Затоа што целите кои ги задаваме се сериозни. А кои се тие? Силно унапредување на функционалната борба против корупцијата. Многу важно да разберат граѓаните  – Спречување нелегално богатење и спречување судир на интереси;  Трето, но не и помалку важно – синхронизација со европското законодавтсво и препораките на Советот на Европа.Во врска со постоењето на потреба да се донесе нова законска регулатива за водење на постапка за утврдување на потекло на имотот, се направи физибилити студија која ја изработија меѓунардони и домашни експерти во која беа согледани голем број компаративни искуства на државите и истовремено се скенираше состојбата во нашето законодавство и практика. Притоа, се дојде до согледување дека во моментот постои законско решение кое не вродило со плод и мора да подлежи на промени, велат од надлежните за борбата против корупцијата.

За тоа на кој начин би се спроведувале овие  постапки со огледа на тоа дека сме сведоци на случаеви каде дел од функционерите своите имоти ги имаат препишано на свои блиски роднини, од кабинетот децидно велат дека  фразата “ги знаеме имателите на такви имоти, но никој ништо не им може“, ќе биде постепено заменета со сознание и менување на јавната свест, дека “секој кој има имот за кој не може да објасни од каде и како е стекнат, ќе може да го изгуби со ваквата конфискација”.

-На одредбите од новиот предлог Закон за потекло на имот, подлежат не само носителите на јавни функции, туку сите граѓани. Конкретно, секој ќе треба да докаже на кој начин го стекнал имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека ги надминува своите редовни одданочени приходи. Ако лицето не го докаже потеклото на  имотот, истиот ќе се конфискува. Тоа значи дека и било кое трето лице ке мора да објасни од каде му е потеклото и нема да сака и смее да става имот на свое име за кој нема да постои доказ како и со кои средства го има стеканот истиот.  Редно е да се направат овие чекори. Повикувам на поддршка, повикувам на заедничка борба против ​криминалот, велат од кабинетот на Николовски.

 Б.М.

Слични содржини