ЗАПЛЕНЕТИ КРИПТОВАЛУТИ ВРЕДНИ 180 МИЛИОНИ ФУНТИ: Најголемиот потфат во борбата против перење пари во Велика Британија

од Vladimir Zorba

Британската полиција заплени криптовалути во вредност од 180 милиони фунти како дел од истрага за перење пари. Тоа е досега најголемата заплена од ваков вид во Велика Британија.

„Денешното запленување е уште една значајна пресвртница во оваа истрага, која ќе продолжи во наредните месеци додека ги бараме оние во центарот на оваа сомнителна операција за перење пари“, рече детективот Џо Рајан.

Да потсетиме, локалната полиција конфискуваше криптовалути во вредност од 114 милиони фунти на 24 јуни. Тогаш беше уапсена 39-годишна жена под сомнение за перење пари

Слични содржини