Започна судењето против Вајнштајн: Му прети ли доживотна казна?

Жирито на казнениот суд Менхетен во вторникот започна да расправа за судењето на холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн по обвиненијата за силување. На филмскиот монгул му се заканува доживотна казна затвор доколку њујоршкото жири сочинето од седум мажи и пет жени, го осуди за предаторски сексуален напад, силување и криминален сексуален чин.

– Мора да одлучите за конечното прашање: дали обвинителството ја докажа вината надвор од секое разумно сомневање – им рекол судијата Џејмс Брук на членовите на жирито.

Жирито се повлекло околу 11:30 часот по локално време.

Повеќе од 80 жени го обвиниле Вајнштајн за сексуално злоставување од почетокот на движењето #MeToo во октомври 2017 година. Жирито разгледува само две обвиненија кои се поднесени од стана на поранешната актерка Џесика Ман и поранешната асистентка на продукцијата Мими Халеј.

Жирито мора да донесе едногласна одлука за секоја точка од обвиненијата. Доколку не успеат во тоа, судијата може да го поништи судењето. Вајнштајн се соочува со одвоени истраги за сексуални криминални дела во Лос Анџелес и исто така е предмет на неколку граѓански тужби.

Слични содржини