Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

од Берта Китинска

Денеска започнува чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“, најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, при што овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF), Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

По тој повод, во близина на фабриката ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на норвешката Амбасада, Стефан Сандста, шефот на Канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко.

Слични содржини