Затишје пред бура? Погледнете што се случува пред Капитол додека демократите се обидуваат да го отстранат Трамп (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Водечките демократи, вклучително и спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и сенаторот Чак Шумер, го обвинија Трамп за поттикнување насилство и го повикаа потпретседателот Мајк Пенс да го отстрани Трамп од претседателската функција со употреба на 25-тиот амандман, а притоа да го прогласи претседателот за неспособен за извршување на своите должности.

Камерата снима пред зградата на Конгресот додека демократите го презентираат законот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп по насилните судири што се случија минатата среда, 6 јануари.

Минатата недела приврзаниците на Трамп се собраа во близина на Капитол во знак на протест против потврдата на изборната победа на Џо Бајден. Група демонстранти го пробија влезот на зградата, што предизвика масовна евакуација на конгресмените.

Бунтот однесе вкупно пет животи.

Слични содржини