Заврши криењето и бегањето на Сашо Мијалков

од Берта Китинска

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков  од вчеравечерта е во домашен притвор.

На прашањето на екипата на телевизија 24 дали бил во бегство, Мијалков одговори дека бил во Македонија и дека разбрал утрово за потрагата и дека навистина му е жал.

-Еве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнам, изјави Мијалков.

Правдата е обезбедена

Компромис за правда нема и нема да има, ако си грешел ќе одговараш, ијзави премиерот Зоран Заев откако поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се пријави во обвинителството.

-Правдата е обезбедена и ќе ја има се повеќе и почесто.Во изминатите 40 часа институциите на владата предводени од мене спроведоа акција со со сите мерки. Акцијата ја предводев јас.Сашо немаше друг избор и го направи она што е неизбежно, да се пријави во обвинителството, изјави Заев.

Русковкса ќе размислиме дали да бараме затворски притвор

Се радувам што Сашо Мијалков сам се пријави во обвинителството за организиран криминал , тој прати порака преку други луѓе дека сака сам да дојде во обвинителството, изјави шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковкса.

-Откако ја добив оваа информација се консултирав со јавниот обвинител дали треба да се пријави кај нас или во полиција. Оттаму ми беше соопштено дека тој може да се пријави и кај нас и откако беше примен во обвинителството Мијалков беше обезбедувам од истражителите .Неговата жалба беше повлечена бидејќи претседателот побра таа да се повлече. Денеска беше бурен ден ќе размислиме дали ќе поднесеме повторно жалба, изјави   Русковкса.

На прашањето дали таа го видела Мијалков во обвинителството, и дали тој и делувал дека е болен, таа одговори дека имала само контакт со неговиот адвокат.

-Не можам  да кажам дали делува дека е болен или не само имав комуникација со едниот од неговите адвокати и утврдивме дека е грешка што не се пријавил порано, изјави Русковкса.

Слични содржини