Завршни зборови на одбраната за случајот „Трезор”

од Берта Китинска

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Трезор”.

Судењето за случајот треба да продолжи со завршните зборови на одбраната.

Предметот „Трезор” се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во „Трезор” првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Слични содржини