Зборувате во сон? Вашето тело можеби ви ја испраќа оваа порака

од Nikola Popovski

Зборувањето во сон се нарекува сомнилоквија и е една од облиците на парасомнија, т.е. нарушувања во однесувањето за време на спиењето. Се карактеризира со зборување во длабок сон. Тоа е многу честа појава и не се смета за медицински проблем.

Зборувањето во сон може да биде многу смешно, забавно, фасцинантно, но и непријатно. Можеби сте зборувале за нешто што сте го сонувале, односно сте го доживеале тој ден, а можеби на личноста до вас сте ѝ откриле многу повеќе отколку што сте сакале.

-Луѓето зборуваат во сон максимум 30 секунди по епизода, но некои можат да зборуваат неколку пати во иста ноќ, пренесува „N1info.rs“.

Понекогаш тоа се многу јасни изрази и можете целосно да разберете што зборува личноста. Сепак, понекогаш тоа ќе биде и мрморење што е тешко да се дешифрира.

Додека ги слушате, ќе ви изгледа како да зборуваат сами со себе. Некои луѓе шепотат, а некои викаат.

„Според моето искуство, зборувањето во сон може да биде поврзано со преоптоварување на нервниот систем поради прекумерното гледање во екрани пред спиење или големи количини на кофеин консумирани во текот на денот“, вели д-р Нерина Рамлахан, терапевт и експерт за проблеми со спиењето.

Ако вообичаено не зборувате во сон, и одеднаш сте почнале да го правите тоа, тоа може да се должи на следниве причини:

– одредени лекови

– емоционален стрес

– температура

– ментални нарушувања

Исто така, разговор во сон може да им се случи на луѓе кои се строги кон себе, односно на оние кои пред себе ставаат многу обврски, се перфекционисти, но и на оние кои често не го кажуваат гласно тоа што сакаат да го кажат.

„Тогаш имаме ситуации кога таквите работи излегува за време на спиењето“, вели терапевтката, додавајќи дека западните народи се хронично ненаспани.

Слични содржини