Здравјето е најважно: Угостителите и музичарите бараат да работат по протокол

од Берта Китинска

Ако досега се играше на ора и чочеци на семејните веселби, „новото нормално“ ќе донесе нови правила за организирање на веселби.

Новиот правилник кои го предлагаат угостителите се предлагаат претставниците на ресторани да работат до 21 часот, свадбите да не се играат ора, а танц само имаат чест да одиграат само младенците.

„Побаравме дозвола за отворање, побаравме и времен протокол за свадби и организирани настани кои вклучуваат музика и поголем број на луѓе. Едно од барањата беше безусловна поддршка за придонеси и плати за вработените, и за последното барање ни беше да добиеме грант помош. Ако имаме сала за 500 гости, можеме да направиме организирана веселба со 250 гости, би се запазиле протоколите. Спорен е моментот што немаме добиено датум со временска динамика за отворање на нашите капацитети. Ги ставаме во заблуда сите младенците од минатата година, но и новите на кои не можеме да им дадеме насоки“ , вели Марија Синадиновска Арсовска, Иницијативен одбор на ресторани за организирање настани.

И вреботените во музичкиот сектор се меѓу најпогодените од коронавирусот. Тие се без работа и немаат никакви ангажмани скоро цела година.

Музичарите  не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Тие сметаат дека музика во живо треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи.

За вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски нема отстапки и тие сметаат дека здравјето е најважно.

„Со петтиот пакет мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50 отсто, а со законот за државна гаранција кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите”, изјавил Битиќи на средбата пред два дена во Владата.

 

Слични содржини