Зек Браун: Болидот на Мекларен за 2018-та е послаб од минатогодишниот

од desk4

Шефот на Мекларен, Зек Браун е на мислење дека болидот на тимот за 2018-та година е послаб од минатогодишниот. Тоа е уште едно откритие откако избувна револуција во тимот, и Браун почна да расчистува.

„Не сакам да навлегувам во премногу технички детали“, рече Браун, „но ние не располагаме со притисната сила која ја имавме минатата година. Откривме зона во која сегашниот автомобил е послаб од минатогодишниот“.

„Дали ја имавме најдобрата шасија минатата сезона? Не, дефинитивно не“.

“Во оваа деценија страдаме од недостиг на стабилност. Имавме нов директор, потоа отпуштен директор, нов раководител, потоа отпуштен раководител, акционери доаѓаа, акционери си одеа итн. Сметам дека една компанија, без разлика дали е од Формула 1 или се занимава со пакување на храна, на пример, не може да биде стабилна, бидејќи нешто постојано се менува“.

„Мислам дека веќе ја затвориме оваа страница и ќе градиме одново од позицијата во која се наоѓаме сега“, заврши Браун.

Слични содржини