Зеленски: Ако руската инвазија успее, другите делови на Европа ќе бидат во опасност

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди денеска, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека до крајот на годината ќе испратат американски воени авиони Ф-16 во Украина, дека ако успее руската инвазија, другите делови на Европа ќе бидат изложени на ризик од воена агресија од страна на Кремљ.

Зеленски им рече на парламентарците во Копенхаген дека сите соседни земји околу Русија се во опасност во случај на руска победа во Украина, пишува „Гардијан“.

„Сите соседи на Русија се загрозени ако Украина не победи“, изјави претседателот на Украина.

Слични содржини