Зеленски: Бранителите на Северодоњецк ѝ нанесуваат големи загуби на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека бранителите на градот Северодоњецк им нанесуваат големи загуби на руските војници во битката, која, според него, била многу жестока и тешка.

„На многу начини, судбината на Донбас се решава токму таму“, рече Зеленски во видео-обраќање, пренесува „Ројтерс“.

Претходно се огласи и регионалниот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајдаи, кој изјави дека руските сили контролираат поголем дел од стратешкиот украински град Северодонецк и силно го гранатираат градот Лисичанск, предизвикувајќи голема штета.

Слични содржини