Зеленски и воениот врв донесоа одлука за Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски и неговата воена команда се согласија да продолжат да го бранат Бахмут, град во источна Украина кој беше предмет на немилосрдни борби, соопшти кабинетот на претседателот.

По состанокот на кој присуствуваа претседателот, главните владини претставници и воените команданти, канцеларијата на Зеленски објави соопштение за печатот: „По разгледувањето на одбранбената операција во насока на Бахмут, сите членови … изразија заеднички став за продолжување на задржувањето и одбраната градот Бахмут“.

Русија смета дека заземањето на Бахмут би го отворило патот кон другите градови и на крајот заземање на целиот Доњецк, додека Украина продолжува да го брани тој град за да ја измори руската армија и да подготви контраофанзива.

Во понеделникот вечерта Зеленски рече дека иднината на Украина зависи од исходот на борбите на истокот на земјата, вклучително и околу Бахмут.

Русија ја засилува својата зимска офанзива за да го заземе. Уништениот рударски град стана главна цел на руските сили, а повеќемесечната битка за Бахмут се претвори во најкрвавата пешадиска битка во Европа од Втората светска војна.

Слични содржини