Зеленски: Ќе станеме членка на ЕУ, процесот ќе се скрати

од Nikola Popovski

Украинскиот претседател Владимир Зеленски му порача на својот народ дека разговарал со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и дека очекува брз напредок во однос на барањето на Украина за брзо членство во ЕУ.

Зеленски рече дека Фон дер Лајен „ветила дека ќе стори сé што е можно за да го забрза пристапот на Украина во ЕУ“.

„Ќе станеме полноправна членка на ЕУ“, рече тој.

„Бирократските процеси кои вообичаено траат со години ќе бидат забрзани и скратени на месеци и недели“, додаде Зеленски.

Слични содржини