Зеленски: Луѓето со голи раце ги сопреа руските тенкови

од Nikola Popovski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција на станицата на метрото во Киев.

„Немам право да се плашам затоа што нашиот народ покажа дека не се плаши од ништо. Луѓето со голи раце ги запреа тенковите“, рече Зеленски.

Запрашан дали се уште инсистира на средба со Владимир Путин, тој рече дека „оној што ја започна војната може да ја заврши“. „Секој здрав и нормален човек избира дипломатски пат“, додаде тој.

Зеленски пред насобраните домашни и странски новинари изјави дека зборовите „Русија“ и „доверба“ се антоними и дека „нивните зборови не се совпаѓаат со нивните постапки“.

Запрашан за планот на Русија да го окупира источниот регион Донбас, украинскиот претседател рече дека Украинците „ќе ги вратат сите окупирани територии“.

Слични содржини