Зеленски: Мораме да ја преживееме оваа зима, имаме нешто што окупаторот го нема

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски, во пресрет на претстојната студена сезона, апелираше на истрајноста и издржливоста на Украинците.

„Непријателот силно се надева дека ќе ја искористи зимата против нас: да ги направи зимскиот студ и маката дел од неговиот терор“, рече Зеленски во редовната видео порака.

„Мораме да направиме се што можеме за да ја преживееме оваа зима, без разлика колку е сурова. Да се ​​издржи оваа зима значи да се издржи се“, рече Зеленски.

Русија има предност во ракетите и артилериското оружје, посочи украинскиот претседател.

„Но, ние имаме нешто што окупаторот го нема и нема да го има: го штитиме нашиот дом и тоа ни дава најголема можна мотивација“, нагласи Зеленски.

Слични содржини