Зеленски: Пред десет години, Украинците за првпат започнаа контраофанзива против Русија

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека историски проевропското востание на Мајдан пред десет години е „првата победа“ во војната против рускиот окупатор.

„Прва победа во војната која се одвива. Победа против рамнодушноста. Победа на храброста. Победа на револуцијата на достоинството“, рече Зеленски по повод 10-годишнината од почетокот со кој беше соборен прорускиот режим и покрај неговите обиди да го задуши во крв.

„Пред десет години, Украинците за првпат започнаа контраофанзива против самоволниот обид да ни ја ускратат нашата европска иднина“, рече тој.

Револуцијата на Мајдан, централниот плоштад во главниот град на Украина, каде се собраа демонстрантите, избувна откако, под притисок на Москва, тогашниот проруски претседател Виктор Јанукович во последен момент одби да го потпише договорот за пристапот на Украина кон Европската унија.

Слични содржини