Зеленски: Русија ќе одговара за секој одземен живот

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Русија ќе одговара за секој одземен живот.

Тој во видео порака им се заблагодари на сите во светот кои ѝ помагаат на Украина, пренесе „Интерфакс Украина“.

„Патриот, Ирис, Насам, секој од тие системи (ПВО) веќе спасил најмалку сто животи“, истакна Зеленски.

Според него, денеска во Украина биле лансирани речиси 100 проектили од различен тип, соборени се најмалку 70 проектили, од кои речиси 60 биле во областа на Киев.

„Имаше жестоки напади и врз Харков. Последиците сега се отстрануваат. За жал, има мртви“, рече тој.

Зеленски изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите.

„Многумина беа убиени. Секој ја добива потребната помош. Им благодарам на работниците на Државната служба за итни случаи на Украина, полицајците, лекарите, на сите што им помагаат на луѓето“, додаде претседателот на Украина.

Слични содржини