Зеленски: Русија лансираше повеќе од 70 „шахеди“, повеќето соборени

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала повеќе од 70 дронови „Шахед“ кон Украина, од кои повеќето биле соборени.

Зеленски рече дека нападот, кој се случи во раните утрински часови, на денот кога Украина го чествува Холодоморот од 1932-33 година, кога неколку милиони Украинци умреа од глад, е акт на „намерен терор“, пренесе Ројтерс.

Претходната ноќ Русија го изврши најмасовниот напад со беспилотни летала со камикази врз Украина, а цел на беспилотните летала „Шахед“ првенствено беше Киев, соопштија од украинските воздухопловни сили.

Слични содржини