Зеленски: Руската инвазија е катастрофална грешка на Москва

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска дека „руската инвазија на неговата земја е катастрофална грешка“, откако Русија објави стратешка победа во Мариупол.

Зборувајќи од Киев, Зеленски рече дека „потврдено е дека инвазијата била апсолутна грешка“ и тврди дека руската армија останала без проектилите со кои ги напаѓала украинските војници.

Украинскиот лидер ја обвини Москва дека ги принудува младите, неискусни војници на линијата на фронтот и ги турка во битка „како топовско месо“.

Слични содржини