Зеленски се огласи по средбата со Вучиќ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

По средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Х напиша дека имал отворен и детален разговор со претседателот на Србија.

„Отворена, искрена и плодна средба со претседателот на Србија. Добар разговор за почитување на Повелбата на ОН и неповредливоста на границите. За заедничката иднина на нашите народи во заеднички европски дом. Во наш заеднички интерес е да ги развиваме нашите односи“, напиша Зеленски.

Да потсетиме, Вучиќ и Зеленски денеска се сретнаа во Атина, каде што разговараа за почитување на територијалниот интегритет на двете земји, за прашањето за непризнавање на Косово од страна на Украина, како и за војната во таа земја и санкциите против Русија.

Слични содржини