Зеленски се согласува да разговара, но само со Путин

од Nikola Popovski

Украинскиот претседател Зеленски уште еднаш повтори дека ќе се согласи на средба само со еден руски функционер, a тоа е претседателот на руската држава. Владимир Путин.

Според него, единствената тема за која ќе разговара е завршување на војната.

„Тие имаат таква структура на одлучување што не може да се носат одлуки без него. Сите институции се обединети со одлуката на претседателот. Без него, нема да има одлука за завршување на војната“, рекол Зеленски, одговарајќи на прашања преку видео врска на форумот во Давос.

Зеленски побарал да се воведат „максимални“ санкции за Русија.

Според него, санкциите мора да бидат што е можно построги за да се „запре руската агресија“.

Слични содржини