Зеленски: Шон Пен покажа храброст која им недостига на западните политичари (ВИДЕО)

од Milan1

Оскаровецот Шон Пен (61) моментално е во Украина. Тој пристигна во Киев пред нападот на Путин.

Од кабинетот на украинскиот претседател потврдија дека Пен дошол да го снима конфликтот во нивниот главен град.

“Оскаровецот Шон Пен пристигна во Украина. Тој дојде да ги сними актуелните настани и да му ја каже вистината на светот за руската инвазија на нашата земја. Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за неговата храброст и чесност# се наведува во соопштението.

Исто така, пишува дека Пен покажал храброст која им недостигала на многу други, посебно на западните политичари.

„Колку повеќе има такви луѓе, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, побргу ќе ја запреме оваа гнасна инвазија на Русија“, се наведува во соопштението.

Слични содржини