Земјотрес на Крит: Се треселе прозорци и распукале ѕидови

од Берта Китинска

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит денес, предизвикувајќи материјална штета главно на стари куќи, пренесува Катимарини.

Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југоисточно од главниот град на островот Хераклион, на длабочина од 4,5 километри.

Како што известуваат локалните медиуми, земјотресот ги тресел прозорците и предизвикал пукнатини на ѕидовите од куќите во подрачјето Аркалохори.

Слични содржини