Земјотрес со јачина од 5,1 степени во Егејското Море

од Stefanija Kuzmanovska
921 прегледи

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала се случил денеска во 08:19 часот во Егејското Море, со епицентар во близина на брегот на областа Мендерес, во близина на Измир.

Според информациите на веб-страницата на турската Национална агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), длабочината на земјотресот во заливот Кушадаси е измерена на 8,51 километар.

Како што јави агенцијата Анадолија, засега нема информации за жртви и материјална штета.

Слични содржини