Жителите од Кочани кои побараа лекарска помош се пуштени дома, велат од МЗ

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот, се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.

„Пациентите синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија. Во пожарот нема поврдени со изгореници“ велат од министерството.

Доцна синоќа беше локализиран пожарот над градот Кочани. Нема повредени со изгореници, а предизвикана е само материјална штета. Според информациите, изгореле покриви на две куќи.

Слични содржини