Зибери: Пописот е потребен, но не може да биде над прашањето на здравјето на луѓето

од Nikola Popovski

„Најодговорно тврдам дека мојот ангажман во текот на изборната кампања не прејудицира членство и учество во партиски структури на ДУИ. Мојата кандидатура беше афирмација како непартиска личност и која се наметнува со својот интегритет да добие што поголема поддршка“, изјави новиот Народен правобранител, Насер Зибери за дневникот на Сител ТВ, на прашањето на неговата поврзанот со владеачката ДУИ.

Тој истакна дека претставките кои ќе дојдат од граѓани кои ќе бидат казнети зашто поради страв од коронавирусот нема да ги примат попишувачите дома ќе бидат анализирани.

„Перманентно сум бил поборник на ставот оти здравјето на граѓаните, општата здравствена состојба во земјата треба да биде на прво место. Затоа оваа многу значајна статистичка активност е потребна, но не може да биде над прашањето на здравјето на луѓето“, потенцира Зибери, додавајќи дека после здравјето на граѓаните, од витално значење е пописот да биде објективен, точен и да не биде политизиран.

„За жал во овој процес досега ги имавме речиси сите елементи дека се оди во насока на политизација на една статистичка операција која треба да биде навистина точна, објективна и која треба да биде целосно изведена“, вели Зибери

Слични содржини