Зидан одбива да зборува за Суперлигата: Обратете се до Флорентино Перез

од Nikola Popovski

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, овој вторник изјави дека тој не е вистинската личност за прашања во врска со европската Суперлига.

Тој избегнал да одговори на прашањето.

„Прашањето е за една личност, претседателот (Флорентино Перез). Јас сум тренер и тоа е тоа“, рекол Зидан кога го прашаа за мислење за учеството на Реал Мадрид во новоформираната европска Суперлига.

Зидан зборувал на конференцијата пред дуелот со Кадиз во шпанското првенство.

„Тука сум поради натпреварот. Секој има свое мислење, но јас не дојдов да разговарам за тоа. Јас разбирам сè, но може да кажете дека нема да кажам што мислам за тоа, вистина е. Зошто? Затоа што уживам во тоа што го работам. Остатокот не е битен … Колку добро може да донесе тоа“, истакнал Зидан.

Слични содржини