Зимска бомба за имунитетот богата со минерали и витамин Ц

од Vladimir Zorba

Во зима потребно е да се води сметка за здрава, урамнотежена исхрана, богата со витамини, минерали и хранливи материи. Со физичка активност и правилна исхрана го правиме најдоброто нешто за сопствениот имунитет и неговиот одбранбен механизам, особено кога сме изложени на вируси.

Вистинско време е да се комбинираат состојките и да се подготват здрави пијалоци кои се пијат како ужина, го детоксифицираат организмот и природно не штитат од болести. Идеална комбинација е кога ќе вклучиме храна богата со цинк, но и различни витамини. Овошјето, кое секогаш е добар избор, се јаболката, богати со цитамин Ц, потоа, уште еден моќен извор на овој витамин – цитруси, како што се лимоните и портокалите.

Кога ќе додадете ѓумбир, кој има антиинфламаторно и антивирусно дејство, а помага и при мачнини и настинки, сте ја постигнале идеалната комбинација. Овој рецепт ќе содржи и еден од најздравите зеленчуци – морковите, како зачин куркума, кој помага во спречување на воспалителни процеси, какаото, кое е значаен избор на железо, цинк и други минерали.
Друг извор на цинк и влакна е лененото семе.

Состојки:

3 лимони и 3 портокали
4 јаболка
5 моркови
лажица рендан ѓумбир
2 лажички ленено семе
2 лажички какао
2 прстофат куркума

Подготовка:

Јаболката и морковите исечкајте ги, па додадете ги исцедените сокови од лимон и портокал. Додадете ги сите останати состојки. Додадете 300 мл вода и измешајте во блендер. Сокот може да остане во фрижидер околу три дена. Пијте го секојдневно.

За посладок вкус додадете малку мед.

Слични содржини