Златан за Буфон: Лесно му е него, само стои, јас морам да се движам

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ зборуваше за италијанските медиуми за тоа колку е физички подготвен на 39-годишна возраст, и тие се обидоа да го споредат со Џанлуиџи Буфон, легендарниот голман, кој се уште е активен и планира да остане многу години.

– Лесно му е него, тој само треба да застане во место и да ја блокира топката, јас треба да се движам. Морам да се движам и да креирам, мора да бидам во можност да шутирам и да го надминам дефанзивецот, изјави Ибра.

Тие го споредија со Бенџамин Батон, лик од филмот кој не старее, но постојано се подмладува.

– Јас сум подобар од Батон затоа што сум жив пример. Бенџамин Батон е само измислена приказна, а јас сум човекот според кој може да се снима таков филм. Живеам вистински филм, а Бенџамин Батон е само филм во кината, заклучи Ибрахимовиќ.

Слични содржини