Зошто американските санкции против Венецуела се ризик за руските милијардери?

од Vladimir Zorba

Со воведувањето на американските санкции против венецуелската државна нафтена компанија PDVSA, една друга компанија од секторот може да се покаже како засегната од нив – руската „Роснефт“.

Главниот извршен директор на компанијата, Игор Сечин е меѓу поддржувачите на Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и во последните пет години „Роснефт“ насочила повеќе од 7 милијарди долари во латиноамериканската земја. Поголемиот дел од нив се во форма на кредити, кои ќе бидат исплатени со идните испораки на нафта од Венецуела.

Покрај тоа, годишните извештаи на руската компанија покажуваат дека таа е еден од најголемите меѓународни инвеститори во земјата. Во сегашната ситуација, сепак економскиот притисок на Вашингтон врз Каракас неизбежно ќе ги стави под ризик инвестициите на „Роснефт“ во државата.

„Тешката за прогнозирање економска ситуација во Венецуела денес влијае врз односите меѓу земјите и односите меѓу компаниите“, коментира рускиот заменик-премиер Дмитриј Козак, одговорен за енергетскиот сектор. „Би било глупаво да ги занемаруваме ризиците“, додаде тој.

Пред новинарите во средата, рускиот министер за енергија Александар Новак за возврат изјави дека американските санкции против PDVSA се „нелегални“, како и „се во кршење на меѓународното право и претставуваат мешање во економската активност“ на компании кои работат во Венецуела, пишува „Блумберг“.

„Роснефт“ има удел во пет нафтени проекти во латиноамериканската земја каде што нејзин партнер е PDVSA. Руската компанија, исто така, учествува во два проекта за екстракција на природен гас.

Производството на црно гориво од првите три изнесува 8,06 милиони тони во 2017 година, од кои 3,14 милиони тони биле за „Роснефт“. Тоа значи дека на ден околу 60.000 барели биле за руската државна компанија или околу 1,3% од вкупното нејзино производство.

Заемите на PDVSA се уште поважни за „Роснефт“. Во 2014 година, руската компанија ќе ги плати идните испораки на нафта вредни 4 милијарди долари. Во периодот 2016-2017 година, на оваа сума се додаде уште 2,5 милијарди долари.

Во 2017 година PDVSA направила испораки за „Роснефт“ во износ од 1,9 милијарди долари. Во првите 9 месеци од 2018 година главницата на заемите е намалена за уште 1,5 милијарди долари.

„Додека стравувањата, поврзани со бизнисот на „Роснефт“ во Венецуела ќе останат актуелни додека политичката несигурност продолжи, ризиците се значително помалку критични за компанијата во споредба со пред 18 месеци, поради отплатата на значителен дел од обврските од тогаш до сега“, заклучуваат во својот извештај аналитичари од UBS.

Слични содржини