Зошто Чендлер се однесуваше чудно во интервјуто со екипата на „Пријатели“?

од Stefanija Kuzmanovska

Откако неодамна беше објавен првиот трејлер за долгоочекуваниот собир на екипата од серијата „Пријатели“, на многумина вниманието го привлече необичното однесување на Метју Пери, кој го играше Чендлер во серијата. Имено, за време на интервјуто за „Пипл“, актерот зборуваше прилично нејасно и често гледаше во празно.

Бидејќи се знае дека актерот се бореше со зависност, многу фанови се загрижиле за него. Како што дознава британскиот „The Sun“, Пери бил на забар пред интервјуто и имал болки.

„Членовите на неговиот тим рекоа дека тој претходно бил но итен потфат на забар. Имаше болки, а тоа влијаеше и на неговото однесување и поради тоа зборуваше нејасно. Никој не сака да даде интервју по зафат на заболекар, но и тоа се случува“, им рекол изворот.

Да потсетиме, актерот имаше проблеми со алкохол и дрога. Тој еднаш за BBC Radio 2 изјави дека делумно не се сеќава на снимањето на „Пријатели“.

„Не се сеќавам на три години. Таму некаде помеѓу третата и шестата сезона. Бев малку надвор од тоа“, рече тој.

Слични содржини