Зошто е подобро да плаќате со кеш и да носите крупни банкноти?

од Vladimir Zorba

Ако во паричникот носите крупна банкнота може да заштедите пари. Психолозите велат дека луѓето обично размислуваат двапати пред да ги раситнат парите, пишува Бизнис Инфо.

Затоа, експертите предлагаат да ги замените банкнотите од 10 или 20 долари во оние од 50 или 100 долари.

Концептот наречен „ментално сметководство“ има врска со начинот на којшто донесуваме финансиски одлуки, а што е во врска со нашите асоцијации коишто ги имаме кон парите.

“Ние ги третираме парите различно во зависност од тоа како ги категоризираме. Многу малите банкноти ги поврзуваме со ситни пари, додека големите банкноти ги поврзуваме со ‘специјални’ пари“, вели американскиот психолог Мери Грешам.

Едно истражување покажало дека попрво ќе ги потрошите парите ако носите пет банкноти од по 20 долари, отколку една од 100 долари. Истото истражување покажало дека учениците кои имале четврт долар купувале повеќе слатки од оние кои имале цел долар.

Слични содржини