„Зошто српските хеликоптери малку летаат и не гаснеа пожари?“

од desk4

Според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, полемиката во јавноста околу хеликоптерите се случува пред се поради луѓето кои свесно шират паника и незадоволство.

-Хеликоптерите, не само македонските, туку и српските, германските, француските, американските, имаат лимит. Во Европа не постои хеликопер кој ноќе гасне пожари. Ова е проверена информација. Вклучете го истражувачкото новинарство и проверете. Да не шириме незадоволсатво, гнев и паника меѓу граѓаните. На хеликоптерите ние не можеме да сметаме откако ќе се намали дневната светлина. Тие мора безбедно да е вратат во базата. Овие хеликоптери ги возат луѓе и нивните животи ни се важни. рече Ангелов.

Ангелов информираше дека над 37 степени Целзиусови, температура на воздухот, летањето со хеликоптер не е безбедно, особено ако се има во предвид дека гаснењето на пожарот се праи на висина од пет или десет метри.

-Тогаш тоа е како да сте на ражен бидејќи температурата е многу висока. Затоа се грижиме и за животите на нашите херои – пилотите. Паничното барање на хеликоптери од разни т.н. стручни лица во јавноста шири паника, страв и недоверба кон работата на ЦУК. Верувајте го преземаме се она што го презема секој ваков центар, рече Ангелов.

Англеов појасни дека српските хеликоптери можат да летаат на малку повисока температура, затоа што носат дупло помала количина на вода. Затоа кај нив потешко доаѓа и до загревање. Но проблемот кај нив е што носат помалу вода. Македонските хеликоптери носат два тона вода а српските еден тон. Бидејќи српските се помали собираат помалку гориво и можат помалку да летаат.

– На подолга релација не можат да отидат и да гаснат пожари бидејќи ќе го потрошат горивото за враќањето назат. Мораат да пават кратки летови и да се вратат назат на аеродрмото за да наполнат гориво. Со српските пилоти се обидуваме да најдеме решение. Но и тие имаат слбости. Едно од нив е со цистерна да однесеме керозин или како и да се вика горивото, во близина на местото на пожарот.

-Нашата намера е во касарната во Штип да стационираме цистерни од Мак Петрол а хеликоптерите на лице место да полнат гориво. Но, полнењето на гориово на ваков начин содржи одредени ризици. Затоа пред се треба да се направи анализа и пресмтека дали тоа е безбено.На седница Владта треба да донесе одлука, дали ваквиот метод на транспорт на гориво ќе биде корисен или, пак, не. Ако хеликоптерите од Србија гаснат пожар во Старо Нагоричани цистерната може да ја однесеме во кумановската касарна. Вториот проблем со српските хеликоптери е ветрот. Во овој момент хеликоптер на македонската армија дејствуа во кумановскиот регион. Српските не можеа да полетат бидејќи се лесни и силниот ветер ја загрозува нивната безбедноста, рече Ангелов.

Слични содржини