Зошто витамините Б12 и Б9 се важни за здрава бременост?

од Stefanija Kuzmanovska

Бременоста е прекрасно искуство, а обезбедување на благосостојбата на мајката и бебето во овој период е најважно.

Тоа е период во кој треба да се фокусирате на исхраната, која е важна не само за мајките, туку и за бебињата. Добро заокружената исхрана со соодветни витамини и минерали е од суштинско значење за одржување на здрава бременост.

Меѓу овие витални хранливи материи, витаминот Б12 и фолната киселина играат значајна улога. Експертот за исхрана и фитнес Рохит Шелаткар сподели неколку совети.

Улогата на витаминот Б12 и фолната киселина за време на бременоста
Витаминот Б12 растворлив во вода е од суштинско значење за различни телесни функции, вклучувајќи синтеза на ДНК, формирање на црвени крвни зрнца и невролошкото здравје. За време на бременоста, потребата од витамин Б12 се зголемува бидејќи ја поддржува брзата поделба и раст на феталните клетки во развој.

Витаминот Б12 е исто така важен за здравјето на мајката бидејќи помага да се намали ризикот од анемија и вродени дефекти, пишува India.com.

Витаминот Б9, кој уште се нарекува и фолна киселина, е особено важен во раните фази од бременоста бидејќи помага во спречување на дефекти на невралната туба, пореметувања при раѓање кои влијаат на мозокот и ‘рбетниот мозок на бебето.

Националната здравствена служба на Велика Британија препорачува жените кои имале бременост со оштетување на невралната туба и планираат да забременат треба да вклучат дневен додаток од 400 микрограми фолна киселина пред и во текот на првите 12 недели од бременоста. Овој период е од витално значење за развојот на ‘рбетот на бебето.

Која храна е извор на витамин Б12 и фолна киселина?
Иако додатоците се опција, важно е да ги вклучите овие хранливи материи во вашата исхрана преку храната. Производите од животинско потекло како месото, рибата, јајцата и млечните производи се одличен извор на витамин Б12. За фолна киселина – кељот, зелката, спанаќот, брокулата, мешунките и агрумите се одлични опции.

„Витамините Б12 и Б9 се неопходни за здрава бременост. Иако урамнотежената исхрана може да обезбеди основни хранливи материи, постојат ситуации каде земањето додатоци може да биде важно. Разговарајте со вашиот лекар за да одлучи што е најдобро да направите за да обезбедите здрава бременост“, заклучи Шелаткар.

Слични содржини