-3 Берово, -2 Лазарополе, -1 Маврово, 0 Битола, Струмица, 1 Прилеп, Д. Капија, Охрид..

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

15 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-3 Берово, -2 Лазарополе, -1 Маврово, Претор, 0 Дебар, Кр. Паланка, Битола, Струмица, 1 Прилеп, Д. Капија, Охрид, Крушево, Штип, 2 Тетово, Гевгелија, 3 Скопје, Тополчани, Куманово, Виница, Пожаране, 4 Ѓуриште, 6 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб ветер со променлив правец. Во Дебарската котлина имаше појава на магла.

 

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди, кон средината на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб а на повисоките места и на планините умерен ветер претежно од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

 

Скопје Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер.

Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 14 степени.

 

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До петок времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, по одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на планините во северозападниот  дел од  земјава ќе има врнежи од снег.

Температурата ќе опадне за неколку степени, а потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

 

 

Слични содржини