Разбиена џихадистичката мрежа одговорна за нападот во Манчестер?

од desk3

Поголемиот дел од џихадистичката мрежа одговорна за нападот во Манчестер, е разбиена соопшти британската полиција, цитирана од Франс прес. Се очекуваат нови апсења, соопштува телевизија Скај њуз.

Осум лица се приведени досега во врска со атентатот извршен во понеделникот од Салман Абеди. Полицијата има постигнато огромен напредок во истрагата, но продолжува да истражува важни траги, додаде Марк Роули, шеф на одделот за контратероризъм.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ
Нападот во Манчестер бил планиран цела година
Обвиненија против четворица во Лондон за тероризам
Вооружени полицајци ќе патролираат во англиските возови
Таткото на атентаторот од Манчестер – член на исламистичка група
Сторителот на нападот во Манчестер се јавил во Либија 15 минути пред да го активира експлозивната направа, соопшти телевизијата Си-Ен-Ен, пренесе ТАСС. Терористот се јавил на својот помлад брат Хашим Абеди, кој веќе е уапсен од страна на либиските власти. Хашим знаел дека се подготвува атентат, но на сослушувањето изјави дека не знаел каде и кога.

Вчера Си Ен Ен изјави дека Салман Абеди бил обучен во Сирија од борци на “Исламска држава”. Според податоците на медиумите 22-годишниот напаѓач е роден во Велика Британија во семејство на бегалци од Либија.

Слични содржини